27 Работете не за храна што се расипува, но за храна што останува за вечен живот, а што ќе ви ја даде Човечкиот Син, зашто Бог Таткото Го потврди Него за тоа!”
28 Тогаш Му рекоа: „Што да правиме, за да ги извршуваме Божјите дела?”
29 Исус одговори и им рече: „Божјото дело е ова: да верувате во Оној, Кого Тој Го испратил.”
30 Тие пак Му рекоа: „Каков знак правиш, да видиме и да Ти поверуваме? Што правиш?”
31 Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.”
32 Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото.
33 Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”