31 Нашите татковци јадеа мана во пустината, како што е напишано: „Им даде да јадат леб од небото.”
32 Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам, Мојсеј не ви даде леб од небото; а Мојот Татко ви дава вистински леб од небото.
33 Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”
34 Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.”
35 Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.
36 Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате.
37 Сè што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам;