33 Зашто Божјиот леб е Оној, Кој слегува од небото и му дава живот на светот.”
34 Тогаш Му рекоа: „Господи, давај ни го секогаш тој леб.”
35 Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.
36 Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате.
37 Сè што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам;
38 зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил.
39 А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сè што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден.