35 Исус им рече: „Јас Сум Лебот на животот; кој доаѓа при Мене нема да огладни и кој верува во Мене нема никогаш да ожедни.
36 Но ви реков: иако Ме видовте - не верувате.
37 Сè што Таткото Ми дава ќе дојде при Мене, а оној кој доаѓа при Мене нема да го исфрлам;
38 зашто не слегов од Небото да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Оној, Кој Ме испратил.
39 А ова е волјата на Оној, Кој Ме пратил: да не изгубам ништо од сè што Ми дал, туку да го воскреснам во последниот ден.
40 Зашто тоа е волјата на Мојот Татко, секој што ќе Го види Синот и поверува во Него - да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.”
41 Тогаш Јудејците роптаа против Него зашто рече: „Јас Сум лебот што слезе од небото”,