44 Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
45 Кај пророците е напишано: ‘Сите ќе бидат научени од Бога.’ Секој, кој чул од Таткото и научил, доаѓа при Мене.
46 Не дека некој Го видел Таткото, освен Оној Кој доаѓа од Бога, Тој Го видел Таткото.
47 Вистина, вистина ви велам: кој верува во Мене има вечен живот.”
48 ”Јас Сум Лебот на животот.
49 Вашите татковци јадеа мана во пустината и изумреа.
50 Ова е лебот што слегува од небото, за да не умре оној, кој јаде од него.