53 Тогаш Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: ако не го јадете телото на Човечкиот Син и не ја пиете Неговата крв, не ќе имате живот во себе.
54 Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, има вечен живот; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.
55 Зашто Моето тело е вистинска храна, и Мојата крв - вистинско питие.
56 Кој јаде од Моето тело и пие од Мојата крв - останува во Мене и Јас во него.
57 Како што Мене Ме испрати живиот Татко, и Јас живеам преку Таткото, така и оној кој Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене.
58 Ова е лебот што слезе од небото. Не како што вашите татковци јадеа мана и изумреа, кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”
59 Ова го рече кога поучуваше во Капернаум, во синагогата.