57 Како што Мене Ме испрати живиот Татко, и Јас живеам преку Таткото, така и оној кој Ме јаде Мене, ќе живее преку Мене.
58 Ова е лебот што слезе од небото. Не како што вашите татковци јадеа мана и изумреа, кој јаде од овој леб, ќе живее довека.”
59 Ова го рече кога поучуваше во Капернаум, во синагогата.
60 Мнозина од Неговите ученици, штом го чуја тоа, рекоа: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слуша?”
61 Бидејќи Исус знаеше во Себе дека Неговите ученици негодуваат заради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?
62 А ако Го видите Човечкиот Син да се вознесува горе - каде што бил порано?
63 Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот.