60 Мнозина од Неговите ученици, штом го чуја тоа, рекоа: „Тешка е оваа беседа! Кој може да ја слуша?”
61 Бидејќи Исус знаеше во Себе дека Неговите ученици негодуваат заради тоа, им рече: „Зар ова ве соблазнува?
62 А ако Го видите Човечкиот Син да се вознесува горе - каде што бил порано?
63 Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот.
64 Но има некои од вас, кои не веруваат. „Зашто Исус знаеше од почеток кои не веруваат и кој ќе Го предаде.
65 И рече: „Затоа ви реков, дека никој не може да дојде при Мене, ако не му е дадено од Мојот Татко.”
66 Оттогаш мнозина од Неговите ученици се вратија и не одеа веќе со Него.