63 Духот е оној, кој оживува; телото не помага ништо. Зборовите што ви ги реков се дух и живот.
64 Но има некои од вас, кои не веруваат. „Зашто Исус знаеше од почеток кои не веруваат и кој ќе Го предаде.
65 И рече: „Затоа ви реков, дека никој не може да дојде при Мене, ако не му е дадено од Мојот Татко.”
66 Оттогаш мнозина од Неговите ученици се вратија и не одеа веќе со Него.
67 А Исус им рече на Дванаесетмината: „Да не сакате и вие да си отидете?”
68 Симон Петар Му одговори: „Господи, при кого да отидеме? Ти имаш зборови на вечен живот.
69 Ние поверувавме и познавме дека си Ти Христос, Син на живиот Бог.”