1 Исус отиде на Маслиновата Гора.
2 А рано наутро пак дојде во Храмот; и сиот народ доаѓаше при Него. Тој седна и ги поучуваше.
3 Тогаш книжниците и фарисеите доведоа една жена, фатена во прељуба, откако ја поставија насредина,
4 Му рекоа: „Учителе, женава е фатена во самото дело на прељуба.
5 А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?”