12 Исус пак прозбори натаму, велејќи: „Јас Сум Светлината на светот; кој Ме следи, нема да оди во темнина, туку ќе ја има Светлината на Животот.”
13 Затоа фарисеите Му рекоа: „Ти сведочиш Сам за Себе Твоето сведоштво не е вистинско.”
14 Исус во одговор им рече: „Иако сведочам Сам за Себе, Моето сведоштво е вистинско, зашто знам од каде дојдов и каде одам, а вие не знаете од каде дојдов и каде одам.
15 Вие судите според телото; Јас не му судам никому.
16 И ако и судам Мојот суд е вистински, зашто не Сум Сам, туку - Јас и Мојот Татко, Кој Ме прати.
17 И во вашиот закон пишува дека сведоштвото на двајца луѓе е вистинско.
18 Јас сведочам за Себе и Мојот Татко, Кој Ме прати, сведочи за Мене.”