33 Му одговорија: „Ние сме Авраамово потомство и никогаш никому не сме му робувале; како велиш Ти: ‘Ќе бидете слободни?’
34 Исус им одговори: „Вистина, вистина ви велам, дека секој кој прави грев, роб му е на гревот.
35 А робот не останува дома довека; Синот останува довека.
36 И така, ако Синот ве ослободи, навистина ќе бидете слободни.
37 Знам дека сте Авраамово потомство; но пак барате да Ме убиете, зашто Моето слово нема место во вас.
38 Јас го зборувам тоа што сум го видел кај Татко Ми. Исто и вие правите што сте чуле од вашиот татко.”
39 Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.” Исус им рече: „Ако бевте Авраамови чеда, ќе ги вршевте Авраамовите дела.