Јован 8:39-45 MKB

39 Му одговорија и рекоа: „Наш татко е Авраам.” Исус им рече: „Ако бевте Авраамови чеда, ќе ги вршевте Авраамовите дела.

40 А сега сакате да Ме убиете Мене, Човекот, Кој ви ја кажа вистината, што ја чув од Бога. Авраам не направи така.

41 Вие ги вршите делата на татка си.” Ние не сме родени од блудство; имаме еден Татко - Бог.”

42 Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов; и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати.

43 Зошто не го разбирате Моето зборување? Затоа што не можете да ја слушате Мојата наука.

44 Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата.

45 Не Ми верувате Мене, зашто ви ја зборувам вистината.