41 Вие ги вршите делата на татка си.” Ние не сме родени од блудство; имаме еден Татко - Бог.”
42 Исус им рече: „Ако Бог беше ваш Татко, ќе Ме љубевте Мене; зашто Јас од Бога излегов и дојдов; и не дојдов Сам од Себе, туку Тој Ме прати.
43 Зошто не го разбирате Моето зборување? Затоа што не можете да ја слушате Мојата наука.
44 Вие потекнувате од вашиот татко - ѓаволот, и сакате да ги исполнувате желбите на татка си. Тој беше човекоубиец од почеток и не остана во вистината, зашто нема вистина во него. Кога зборува лага, зборува од своето, зашто е лажец и татко на лагата.
45 Не Ми верувате Мене, зашто ви ја зборувам вистината.
46 Кој од вас Ме обвинува за грев? Ако ја зборувам вистината, зошто не Ми верувате?
47 Кој е од Бога, ги слуша Божјите зборови; затоа вие не ги слушате, зашто не сте од Бога.”