48 Јудејците Му одговорија и рекоа: „Не зборуваме ли ние право, дека Ти си Самарјанец и дека имаш бес?”
49 Исус одговори: „Јас немам бес, туку Го почитувам Мојот Татко, а вие Ме срамите.
50 Јас не ја барам Мојата Слава; има Кој бара и суди.
51 Вистина, вистина ви велам, ако некој го запази Моето слово, нема да види смрт довека.”
52 Јудејците Му рекоа: „Сега знаеме, дека имаш нечист дух во Тебе. Авраам почина, и пророците исто, а Ти велиш: ‘Ако некој го запази Моето слово, нема да ја вкуси смртта довека.’
53 Зар си Ти поголем од нашиот татко Авраам - кој умре? И пророците умреа. За кого се претставуваш Ти Самиот?”
54 Исус одговори: „Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништо; Мене Ме слави Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.