5 А Мојсеј ни нареди во Законот да ги убиваме со камења таквите; а Ти што велиш?”
6 Тоа го рекоа за да Го искушаат, за да имаат за што да Го обвинат. А Исус се наведна и пишуваше со прстот по земјата.
7 Но бидејќи и натаму Го прашуваа, се исправи и им рече: „Кој е од вас безгрешен, нека прв фрли камен врз неа!”
8 И пак се наведна и пишуваше по земјата.
9 А тие, кога го чуја тоа, бидејќи совеста ги убеди, излегуваа еден по еден, почнувајќи од најстарите до последните. И Исус остана Сам со жената, која стоеше насреде.
10 Исус се исправи и и рече: „Жено, каде се? Ниеден ли не те осуди?”
11 Таа одговори: „Ниеден, Господи.” Исус рече: „Ни Јас не те осудувам, оди си и отсега не греши веќе.”