54 Исус одговори: „Ако Јас се прославувам Самиот Себе, Мојата слава е ништо; Мене Ме слави Мојот Татко, за Кого вие велите дека е ваш Бог.
55 Вие не Го запознавте, а Јас Го познавам. И ако речам дека не Го познавам, ќе бидам лажец како и вас; но Јас Го познавам и го пазам Неговото слово.
56 Авраам, вашиот татко, се радуваше да го види Мојот ден, и го виде и се зарадува.”
57 Јудејците Му рекоа: „Уште немаш педесет години, и Авраама си го видел?”
58 Исус им рече: „Вистина, вистина ви велам: Јас Сум, пред да се родил Авраам.”
59 Тогаш кренаа камења, за да ги фрлат на Него; но Исус се скри и излезе од Храмот.