1 И кога заминуваше виде човек слеп од раѓање.
2 И Неговите ученици Го прашаа: „Рави, кој згрешил, тој или неговите родители, та се родил слеп?”
3 Исус одговори: „Не згрешил ни тој, ниту неговите родители, туку за да се пројават Божјите дела врз него.
4 Ние треба да ги извршуваме делата на Оној, Кој Ме прати, додека е ден; доаѓа ноќ, кога никој не ќе може да работи.