10 Тогаш му рекоа: „Како ти се отворија очите?”
11 Тој одговори: „Човекот, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: „Оди во Силоамската бања и измиј се; јас отидов, се измив и прогледав.”
12 Му рекоа: „Каде е Тој?” Рече: „Не знам.”
13 Го одведоа некогашниот слепец при фарисеите.
14 А беше сабота, кога Исус направи кал и му ги отвори очите.
15 Тогаш пак го прашаа и фарисеите - како прогледал! Тој им рече: „Ми стави кал на очите, се измив и гледам.”
16 Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Овој Човек не е од Бога, не ја празнува саботата.” Други говореа: „Како може грешен човек да прави такви чудеса?” И настана раздор меѓу нив.