21 а како гледа сега, не знаеме; или - кој му ги отвори очите - ние не знаеме. Прашајте го него, тој е возрасен, самиот нека зборува за себе.”
22 Ова го рекоа неговите родители, зашто се боеја од Јудејците; бидејќи Јудејците се беа согласиле да биде исклучен од синагогата оној, кој ќе Го признае дека е Христос.
23 Заради тоа неговите родители рекоа: „Возрасен е! Прашајте го него!”
24 Тогаш повторно го повикаа човекот, кој беше слеп и му рекоа: „Прослави Го Бога! Ние знаеме дека Тој Човек е грешник.”
25 А тој им одговори: „Дали е грешник - не знам; едно знам, дека бев слеп, а сега гледам.”
26 Тогаш му рекоа пак: „Што ти стори? Како ти ги отвори очите?”
27 Им одговори: „Веќе ви реков, и не чувте; што сакате да чуете повторно? Да не сакате и вие да Му станете ученици?”