25 А тој им одговори: „Дали е грешник - не знам; едно знам, дека бев слеп, а сега гледам.”
26 Тогаш му рекоа пак: „Што ти стори? Како ти ги отвори очите?”
27 Им одговори: „Веќе ви реков, и не чувте; што сакате да чуете повторно? Да не сакате и вие да Му станете ученици?”
28 Тие го укорија и рекоа: „Ти си Негов ученик, а ние сме Мојсееви ученици.
29 Ние знаеме дека Бог му говорел на Мојсеја; а од каде е Овој, не знаеме.”
30 Човекот им одговори и рече: „Тоа е чудното, што вие не знаете од каде е, а ги отвори моите очи.
31 Знаеме дека Бог не слуша грешници, туку, ако е некој богобојазлив и ја врши Неговата волја, него го слуша.