32 Откако е веков не се чуло некој да отворил очи на слепороден;
33 ако Тој не беше од Бога, не би можел да направи ништо.”
34 Му одговорија и рекоа: „Ти сиот си роден во гревови, и ти ќе нè учиш нас?” И го истераа надвор.
35 Исус чу дека го истерале надвор, го најде и му рече: „Веруваш ли ти во Синот Божји?”
36 Тој одговори и рече: „А Кој е Тој, Господине, за да верувам во Него?”
37 Исус му рече: „Си Го видел, Кој зборува со тебе - Тој е.”
38 А тој рече: „Верувам Господи”, и Му се поклони.