5 Додека Сум во светот, Светлина Сум на светот.”
6 Штом го рече тоа, плукна на земјата, направи кал со плунката и со неа ги намачка неговите очи,
7 и му рече: „Оди, изми се во бањата Силоам; што значи: „Пратен”. Тој отиде, се изми и дојде прогледан.
8 А соседите и оние, кои го гледаа порано како просјак, велеа: „Зар не е овој, кој седеше и просеше?”
9 Едни велеа: „Тој е;” други велеа: „Не, а личи на него.” Тој велеше: „Јас сум!”
10 Тогаш му рекоа: „Како ти се отворија очите?”
11 Тој одговори: „Човекот, Кој се вика Исус, направи кал, ми ги намачка очите и ми рече: „Оди во Силоамската бања и измиј се; јас отидов, се измив и прогледав.”