Захарија 10:5-11 MKB

5 Ќе бидат заедно како јунаци кои во бојот газат како по улична кал; ќе војуваат зашто Господ е со нив, и ќе ги засрамат оние кои јаваат коњи.

6 Ќе го зајакнам Јудиниот дом, ќе го спасам Јосифовиот дом. Пак ќе ги населам, ми е жал за нив, и ќе биде како да не сум ги отфрлил, зашто Јас Сум Господ, нивниот Бог - ќе ги послушам.

7 Ефремците ќе бидат како јунаци, и ќе им се радува срцето како од вино: ќе ги видат своите синови и ќе се веселат, во Господа ќе воскликнува нивното срце.

8 Ќе им свирнам и ќе ги соберам, зашто Јас ги избавив, ќе бидат пак многубројни како што беа.

9 Ги расеав меѓу народите, но тие ќе си спомнат за Мене во далечните земји, ќе живеат со своите синови и тие ќе се вратат.

10 Ќе ги вратам од Египетската Земја, ќе ги соберам од Асирија и ќе ги доведам до Галадската Земја и на Ливан, и не ќе има доста место за нив.

11 Ќе го поминат Египетското Море, зашто Тој ќе ги удри морските бранови, ќе пресушат сите длабочини на Нил. Ќе се смири гордоста на Асирија и ќе му биде одземен скиптарот на Египет.