1 Ги подигнав очите и видов: книжен свиток лета.
2 Ангелот ме праша: „Што гледаш?” Одговорив: „Гледам книжен свиток како лета: должината му е дваесет лакти, а ширината десет.”
3 Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што ќе ја зафати целата земја; отсега секој што краде ќе биде истеран според него оттука; и секој кој се колне лажно ќе биде истеран оттука според него.
4 „Јас ќе го изведам - говори Господ над Војските - за да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во Моето име, та да престојува во неговата куќа и да ја уништи заедно со нејзините дрва и камења.”
5 Ангелот кој зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите и погледај што се појавува тоа?”
6 Јас го прашав: „Што е тоа?” Тој рече: „Тоа што се појавува е ефа,” и продолжи: „Тоа е општата расипаност на земјата.”
7 И ете, се крена оловен поклопец и една жена седи сред ефата.
8 Тој рече: „Тоа е злото.” И ја турна во ефата и и фрли оловен поклопец врз отворот.
9 Ги подигнав очите, видов: две жени излегуваат со ветрот со крила, а крилата им беа како штркови крила; тие ја кренаа ефата меѓу земјата и небото.
10 Тогаш го прашав ангелот кој разговараше со мене: „Каде ја однесуваат ефата?”
11 Тој ми одговори: „За да и изградат храм во Сенарската земја и за да и подготват подножје врз кое ќе ја постават.”