9 Ги расеав меѓу народите, но тие ќе си спомнат за Мене во далечните земји, ќе живеат со своите синови и тие ќе се вратат.
10 Ќе ги вратам од Египетската Земја, ќе ги соберам од Асирија и ќе ги доведам до Галадската Земја и на Ливан, и не ќе има доста место за нив.
11 Ќе го поминат Египетското Море, зашто Тој ќе ги удри морските бранови, ќе пресушат сите длабочини на Нил. Ќе се смири гордоста на Асирија и ќе му биде одземен скиптарот на Египет.
12 Нивната сила ќе биде во Господа, тие ќе се прослават со Неговото Име” - говори Господ.