1 Ангелот, кој зборуваше со мене, се врати тогаш и ме разбуди како човек кој се буди од сон.
2 „Што гледаш?” праша. Јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато со чаша за масло врз него; и на светилникот се седум светилки, со седум чашки за седумте светилки што се на него.
3 Две маслинови стебла се покрај него, едното оддесно, другото одлево.”
4 Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа Господару?
5 Ангелот кој зборуваше со мене, ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Јас реков: „Не, господару.”