3 Две маслинови стебла се покрај него, едното оддесно, другото одлево.”
4 Му се обратив на ангелот кој зборуваше со мене и го прашав: „Што е тоа Господару?
5 Ангелот кој зборуваше со мене, ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Јас реков: „Не, господару.”
6 Тогаш тој ми одговори вака: „Еве ги Господовите зборови на Зоровавела: ‘Не со сила ни со снага туку со Мојот Дух! - слово е на Господа над Војските.
7 Што си ти голема горо? Пред Зоровавела стануваш рамница! Тој ќе го извлече врвниот камен со воскликнување: „Благодат! Благодат нему!”‘“
8 Потоа ми дојде Господово слово:
9 „Зоровавеловите раце му ставија основи на овој Дом, неговите раце ќе го довршат. И вие ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас.