8 Потоа ми дојде Господово слово:
9 „Зоровавеловите раце му ставија основи на овој Дом, неговите раце ќе го довршат. И вие ќе знаете дека Господ над Воинствата ме испрати кај вас.
10 Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци? Ќе се радуваат кога ќе видат камено висулче во Зоровавеловите раце. Овие седум се Господовите очи што ја опфаќаат со поглед сета земја.”
11 Тогаш проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови дрва оддесно и одлево на светилникот?”
12 Пак проговорив и го прашав: „Што се оние две маслинови гранчиња што низ две златни цевки дотуруваат масло?”
13 Тој ми одговори: „Зар не знаеш што е тоа?” Одговорив: „Не, господару.”
14 Тој рече: „Тоа се два помазаника кои стојат пред Господарот на целата земја.”