Захарија 8:13-19 MKB

13 И како што бевте проклетство меѓу народите, Јудин доме, и Израелев доме, така ќе ве спасам за да бидете благослов! Не бојте се, нека ви бидат силни рацете!’

14 „Зашто Господ над Војските зборува вака: ‘Како што намислив да ве казнам вас кога ме разгневија вашите татковци - зборува Господ над Војските - не се покајав,

15 така, сменувајќи ја намислата, во овие денови мислам да им направам добро на Ерусалим и Јудиниот дом. Не бојте се!

16 А ова треба да го правите: Зборувајте вистина еден на друг; судете справедливо и мирољубиво при градските врати!

17 Не мислете зло во срцето еден на друг; не љубете ја лажната заклетва. Зашто Јас го мразам сè тоа,’ - слово е Господово!”

18 Ми дојде слово на Господа над Воинствата:

19 „Господ над Војските зборува вака: ‘Постот на четвртиот, постот на петтиот, постот на седмиот и постот на десеттиот месец ќе станат радост, веселба и радосни празници за Јудиниот дом. Но љубете ги вистината и мирот!’