Захарија 8:2-8 MKB

2 „Господ над Воинствата зборува вака: ‘Изгорувам со ревносна љубов за Сион и со голем гнев пламнувам за него! Се враќам во Сион, сакам да живеам сред Ерусалим.’

3 Господ над Војските зборува вака: ‘Ерусалим ќе се вика Град на вистина и Гората на Господа над Војските, Гора на светост.’

4 Господ над Војските зборува вака: ‘Старците и старичките пак ќе седнат по ерусалимските раскрсници, секој со стап во раката заради преголемата старост.

5 А градските улици ќе се исполнат со момчиња и девојчиња, кои ќе играат по неговите улици.’

6 Господ над Воинствата зборува вака: ‘Ако тоа биде чудо во очите на Остатокот во тие денови, зар ќе биде тоа чудо и во Моите очи - говори Господ над Војските.

7 Господ над Војските зборува вака: ‘Еве ќе го спасам Мојот народ од Источната Земја и од земјата на сончевиот запад.

8 Јас ќе ги доведам за да се населат сред Ерусалим и ќе Ми бидат народ, а Јас ќе им бидам Бог во вистина и во правда.’