Откровение 1:10-16 MKB

10 Во Господов ден бев во Духот и чув, зад себе, силен глас - како од труба - кој велеше: „Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот;”

11 ”Запиши во книга, што гледаш, и испрати им го на седумте цркви: во Ефес, и во Смирна, и во Пергам, и во Тиатир, во Сард, и во Филаделфија и во Лаодикија.”

12 И се свртив, за да го видам гласот, што зборуваше со мене. И свртувајќи се, видов седум златни светилници,

13 а среде седумте светилници, Некој, сличен на Човечкиот Син, облечен во долга облека до нозете и препашан со златен појас преку градите.

14 Неговата глава и косата беа бели како бела волна, како снег, а Неговите очи како огнен пламен;

15 Неговите нозе како бронза вжарена во печка; а Неговиот глас, како шум од многу води.

16 Во Својата десна рака држеше седум ѕвезди, и од Неговата уста излегуваше меч остар од двете страни; и Неговото лице беше како што сонцето свети во својата сила.