Откровение 1:5-11 MKB

5 и од Исуса Христа, Кој е верен Сведок, Првороден од мртвите и Владетел на земните цареви, Нему, Кој нè љуби и Кој нè изми од нашите гревови во Својата крв,

6 и нè направи цареви и свештеници на Бога, и на Својот Татко - Нему слава и моќ во вечни векови, амин!

7 Еве, доаѓа со облаците и ќе Го види секое око, и оние, кои Го прободоа, и сите земни племиња ќе заридаат за Него. Да, амин!

8 ”Јас Сум Алфа и Омега”, почетокот и крајот, - вели Господ Бог, Кој е и Кој беше и Кој иде - Сèмоќниот

9 Јас, Јован, ваш брат и соучесник во неволјата и во царството, и во трпението во Исуса Христа, бев на островот, наречен Патмос заради Божјото Слово и сведоштвото за Исуса.

10 Во Господов ден бев во Духот и чув, зад себе, силен глас - како од труба - кој велеше: „Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот;”

11 ”Запиши во книга, што гледаш, и испрати им го на седумте цркви: во Ефес, и во Смирна, и во Пергам, и во Тиатир, во Сард, и во Филаделфија и во Лаодикија.”