1 И ми беше дадена мерачка трска слична на стап, и ми беше речено: „Стани и измери го Божјиот храм и жртвеникот и оние, кои се поклонуваат во него.
2 А надворешниот двор на храмот остави го и не мери го, зашто им е даден на народите, и тие ќе го газат светиот град четириесет и два месеца.
3 И ќе им дадам на двајца Мои сведоци, облечени во вреќи, да пророкуваат илјада двеста и шеесет денови.
4 Тие се две маслинови дрвја и два светилника, кои стојат пред Господарот на земјата.
5 И ако некој сака да им напакости, оган излегува од нивната уста и ги проголтува нивните непријатели. И ако некој сака да им напакости, треба така да биде убиен.