Откровение 11:12-18 MKB

12 И чуја силен глас од небото, кој им велеше: „Дојдете ваму, горе!” И отидоа горе во небо во облакот, и нивните непријатели ги видоа.

13 А во тој час настана голем земјотрес, и падна десеттиот дел на градот, и од земјотресот загинаа седум илјади човечки имиња; а другите се уплашија и Му воздадоа слава на небесниот Бог.

14 Второто зло помина, и ете, третото зло доаѓа брзо.

15 И седмиот ангел затруби, и одекнаа силни гласови на небото, велејќи: „Царствата на светот Му припаднаа на нашиот Господ и на Неговиот Христос, и ќе царува во сите векови.”

16 И дваесет и четирите старешини, кои седат, на своите престоли, пред Бога, паднаа на своите лица и Му се поклонија на Бога,

17 велејќи: „Ти благодариме, Господи Боже Сèмоќен, Кој си и Кој беше, и Кој иде, зашто ја зеде Својата голема сила и се зацари.

18 И народите се разгневија, и дојде Твојот гнев и времето да им се суди на мртвите, и да им се даде награда на Твоите слуги, на пророците и на светите и на оние, кои се бојат од Твоето име, мали и големи, и да ги уништиш оние, кои ја расипуваа земјата.”