Откровение

поглавја 12:10-16

БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет

10И чув силен глас во небото како зборува: „Сега дојде спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, зашто е отфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе. 11И тие го победија заради крвта на Јагнето и заради словото на своето сведоштво, и не го засакаа својот живот, дури и до смртта. 12Затоа, веселете се небеса и вие, кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време,” 13И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената, која го родила машкото. 14На жената пак и ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата. 15А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката. 16Но земјата и помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста.