Откровение
поглавја 12:14-17
БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет
14На жената пак и ги дадоа двете крила на големиот орел, за да одлета во пустината на своето место, каде е хранета за едно време, и две времиња, и време ипол, настрана од лицето на змијата.
15А змијата испушти од својата уста вода како река по жената, за да ја однесе со реката.
16Но земјата и помогна на жената, и земјата ја отвори својата уста и ја испи реката, што змевот ја испушти од својата уста.
17И змевот се разгневи на жената и отиде да војува против другите од нејзиното семе, против оние, кои ги пазат Божјите заповеди и го имаат Исусовото сведоштво.