Откровение
поглавја 12:7-13
БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет
7И настана војна во небото; Михаило со своите ангели завојува против змевот. И змевот и неговите ангели завојуваа,
8но не устоија и не им се најде веќе место во небото.
9И беше исфрлен големиот змев, старата змија, наречена ѓавол и сатана, која го заведува целиот свет; беше исфрлен на земјата, и неговите ангели беа исфрлени со него.
10И чув силен глас во небото како зборува: „Сега дојде спасението и силата и царството на нашиот Бог и власта на Неговиот Помазаник, зашто е отфрлен обвинителот на нашите браќа, кој ги обвинуваше пред нашиот Бог, дење и ноќе.
11И тие го победија заради крвта на Јагнето и заради словото на своето сведоштво, и не го засакаа својот живот, дури и до смртта.
12Затоа, веселете се небеса и вие, кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето, зашто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време,”
13И кога змевот виде дека е фрлен на земјата, почна да ја гони жената, која го родила машкото.