Откровение

поглавја 20:8-14

БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет

8и ќе излезе да ги заведува народите по четирите краишта на земјата, Гога и Магога, и да ги собере за војна, чиј број е како морскиот песок. 9И излегоа на земната ширина, и го опкружија логорот на светите и возљубениот град; и слезе оган од небото, од Бога, и ги проголта. 10А ѓаволот, кој ги заблудуваше, беше фрлен во огненото и сулфурното езеро, каде се и Ѕверот и лажниот пророк; и ќе бидат мачени дење и ноќе во веки веков. 11И видов голем бел престол, и Оној, Кој седеше на него, од Чие лице побегнаа земјата и небото, и не се најде место за нив. 12И ги видов мртвите, големи и мали, како стојат пред престолот, и се отворија книжните свитоци; и друг книжен свиток се отвори - Книгата на Животот; и на мртвите им беше судено според она што е запишано во книгите, според своите дела. 13И морето ги предаде своите мртви, кои се во него; и смртта и Подземјето ги предадоа мртвите, кои се во нив, и секој беше суден според своите дела. 14И смртта и Подземјето беа фрлени во огненото езеро. Тоа е втората смрт, огненото езеро.