Откровение 21:15-21 MKB

15 А оној, кој зборуваше со мене имаше златна трска, за да го измери градот и нејзините врати и нејзиниот ѕид.

16 Градот пак лежи четриаголно, а должината му е колку и широчината. И го измери градот со трската: дванаесет илјади стадии; нејзиниот должина и широчина и височина беа еднакви.

17 И го измери неговиот ѕид: сто четириесет и четири лакти по човечка мерка, која е и ангелска.

18 Нејзиниот ѕид беше изграден од јаспис, а градот од чисто злато, како чисто стакло.

19 Основите на градскиот ѕид беа украсени со секаков вид скапоцени камења: првата основа е од јаспис, втората - сафир, третата - халкидон, четвртата - смарагд;

20 петтата - сардоникс, шестата - сард, седмата - хрисолит, осмата - вирил, деветтата - топаз, десеттата - хрисопрас, единаесеттата - хијацинт; дванаесеттата - аметист.

21 А дванаесетте порти: дванаесет бисери; секоја врата беше од еден бисер. И градската улица беше од чисто злато како проѕирно стакло.