Откровение 21:5-11 MKB

5 И Оној, Кој седи на престолот рече: „Ете, правам сè ново.” Уште рече: „Напиши, зашто овие зборови се верни и вистинити!”

6 И ми рече: „Се заврши! Јас Сум Алфа и Омега; Почеток и Свршеток. Јас ќе му дадам на жедниот, дарум, од изворот на водата на животот.

7 Кој победува го наследува ова, и Јас ќе му бидам Бог, и тој ќе ми биде син.

8 А на страшливците и на неверните, и на гнасните и на убијците, и на блудниците и на вражалците, и на идолопоклониците и на сите лажци, нивниот дел им е во езерото, кое гори со оган и сулфур; тоа е втората смрт.

9 И дојде еден од седумте ангели, кои имаа седум чаши, полни со последните седум зла, и проговори со мене и рече: „Дојди, да ти ја покажам невестата - жената на Јагнето!”

10 И ме одведе духом на голема и висока гора и ми го покажа светиот град Ерусалим, како слегува од небото од Бога

11 и имаше Божја слава, и нејзината светлина беше слична на многу скапоцен камен, на кристално проѕирниот камен јаспис.