1 И ми покажа чиста река со вода на животот, бистра како кристал, која истекува од престолот на Бога и на Јагнето.
2 Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.
3 И нема веќе да има никакво проклетство. И престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во неа, и Неговите слуги ќе Му служат,
4 и ќе го гледаат Неговото лице, и Неговото име ќе биде на нивните чела.
5 Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.