Откровение 22:2-8 MKB

2 Среде нејзината улица и од двете страни на реката: дрвото на животот, кое раѓа дванаесет плодови, кое секој месец го дава својот плод; а лисјата на дрвото се за исцелување на народите.

3 И нема веќе да има никакво проклетство. И престолот на Бога и на Јагнето ќе биде во неа, и Неговите слуги ќе Му служат,

4 и ќе го гледаат Неговото лице, и Неговото име ќе биде на нивните чела.

5 Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.

6 И ми рече: „Зборовиве се верни и вистинити, и Господ Бог на пророчките духови го испрати Својот ангел, за да им покаже на Своите слуги што има да стане скоро.

7 И, ете, доаѓам скоро. Блажен е оној, кој ги пази пророчките зборови на оваа книга!

8 И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова.