9 И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”
10 И ми рече: “Не запечатувај ги пророчките зборови на книгава, зашто времето е близу!
11 Кој врши неправда, нека врши уште неправда; и кој е нечист, нека се онечистува уште; и кој е праведен нека врши уште правда; и кој е свет, нека се осветува уште!”
12 И ете, доаѓам скоро, и наградата Моја е со Мене, за да му дадам секому според неговото дело!
13 Јас Сум Алфа и Омега, Првиот и Последниот, Почетокот и Свршетокот.
14 Блажени се оние, кои ги перат своите облеки, за да имаат право на дрвото на животот и за да можат да влезат во градот низ портите!
15 Надвор се кучињата и вражалците, и блудниците и убијците, и идолопоклониците и секој, кој ја сака лагата и лаже.”