Откровение 3:1-7 MKB

1 „И на ангелот на црквата во Сард напиши му:” Ова го зборува Оној, Кој ги има седумте Божји Духови и седумте ѕвезди: ги знам твоите дела, имаш име дека си жив, но си мртов.

2 Разбуди се и зацврсти го другото, што е веќе на умирање; зашто не ги најдов твоите дела исполнети пред Мојот Бог.

3 И така, спомни си, како си примил и чул, и пази и покај се. И така, ако не се разбудиш, ќе дојдам како крадец; и нема да знаеш во кој час ќе дојдам врз тебе.

4 Но имаш малку имиња во Сард, кои не ги онечистија своите облеки, тие ќе одат во бели облеки со Мене, зашто се достојни.

5 Кој победува, ќе се облече така во бели облеки и нема да го избришам неговото име од книгата на животот, но ќе го признаам неговото име пред Мојот Татко и пред Неговите ангели.

6 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите!”

7 ”И на ангелот на црквата во Филаделфија напиши му: ова го зборува Светиот, Вистинитиот, Кој го има Давидовиот клуч; Кој отвора, и никој не затвора! Кој затвора и никој не отвора: