Откровение 3:10-16 MKB

10 Зашто ти го запази Моето слово за трпението, и Јас ќе те запазам од часот на искушението, што ќе дојде врз целиот свет, за да ги искуша оние, кои живеат на земјата.

11 Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.

12 Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.

13 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”

14 ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:

15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.