11 Ете, идам скоро! Држи го цврсто она, што го имаш, за никој да не ја земе твојата круна.
12 Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.
13 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”
14 ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:
15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!
16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.
17 Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.