Откровение 3:12-18 MKB

12 Оној, кој победува ќе го направам столб во храмот на Мојот Бог и нема веќе да излезе надвор и на него ќе го напишам името на Мојот Бог и името на градот на Мојот Бог - Новиот Ерусалим, кој слегува од небото, од Мојот Бог; и Моето ново име.

13 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”

14 ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:

15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.

17 Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.

18 Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.