13 Кој има уво, нека чуе, што им зборува Духот на црквите.”
14 ”И на ангелот на црквата во Лаодикија напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание:
15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!
16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.
17 Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.
18 Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.
19 Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!