Откровение 3:15-21 MKB

15 ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел!

16 Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста.

17 Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол.

18 Те советувам да купиш од Мене злато, пречистено во оган, за да се збогатиш; и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да ги намачкаш своите очи, за да гледаш.

19 Јас ги укорувам и казнувам оние, кои ги љубам; затоа биди ревностен и покај се!

20 Еве, стојам на вратата и чукам; ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене.

21 На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол.